Кумот на Грашo откри како се славелo на свадбата на годината(Фото+Видео)

ИЗВОРНов Лист
|

Покрај протеченото видео од првиот бакнеж, гостите на социјалните мрежи се пофалија и со фотографии од забавата во ресторанот каде се одржуваше свадбената вечера.

Во саботата на 19 февруари Хана Хуљиќ (31) и Петар Грашо (45) го кажаа судбоносното „да“ во црквата Свети Доминик во Сплит. На церемонијата присуствуваа само блиското семејство и пријателите. Имено, три лица застанаа покрај среќните младенци, двајцата кумови на Грашo, кошаркарската легенда Дино Раѓа (54) и познатиот словенечки готвач Томаж Кавчиќ и кумата на Хана Доменика Жувела (29).

По церемонијата, младенците продолжија да слават со гостите во ресторанот  каде што, судејќи по објавите што на Инстаграм ги сподели вториот кум на Грашo,  владееше весела атмосфера.

Томаж прво ја сподели фотографијата со вториот кум Дино Раѓа.

Пред тоа со нив позираше пријателката и кума на Хана Доменика.

Словенечкиот готвач објави и фотографија со братот на Хана, Иван Хуљиќ, додека тој отвора огромно шише.

Бидејќи пијалокот бил наменет за младенците, готвачот се фотографирал со нив и на своите придружници им открил што пишувало на шишето:

„Хана и Петар. Среќно, среќно, сакајте се засекогаш “.

Да потсетиме, заврската на Грашо и Хана се дозна во октомври минатата година, а во јануари годинава објавија дека ќе станат родители. Се уште не е познато дали се работи за девојче или момче.