Кои се најдобрите половни автомобили по поминати 100.000 км?

|

По сериозната економска криза која го зафати светот, се повеќе луѓе се одлучуваат за купување на половен автомобил. Доколку и вие сте еден од нив мора да внимавате на неколку работи.

Кога купувате нов автомобил, работите се прилично јасни. Но, што ако купите користен автомобил со 100.000 поминати километри? Во продолжение прочитајте на кои модели треба да целите и на кои детали да обрнете внимание!

Во обемниот тест на издржливост, германскиот Auto Bild откри кои модели се истакнуваат како најдобар избор. Ова се најсигурните модели по поминати 100.000 километри:

20. Kia Ceed 1.6 GDi – Корејскиот компактен автомобил собра помалку негативни поени од лидерот во класата VW Golf. Единствениот проблем е start-stop системот.

19. Suzuki SX4 S-Cross 1.6 DDiS – Единственото нешто што бара итна поправка е системот за навигација. Сè друго заслужува голема оцена.

18. Mercedes C 250 d (W205) 4Matic – Опремен со чувствителна технологија која до крајот на тестот не попушти. Најмногу импресионира квалитетот на материјалите во внатрешноста.

17. Mini Countryman – Единствената непланирана посета на сервисот предизвика дефект на централниот дигитален екран.

16. Hyundai Tucson 2.0 CRDi 2WD – Моторот и менувачот работат како првиот ден. При демонтажата се забележани само ситници, како дамки од ‘рѓа на каросеријата.

15. Hyundai i30 SW 1.6 CRDI – Корејскиот бренд е многу сигурен и не им создава проблеми на клиентите. Замерка има само на сметка на лошата изолација.

14. BMW X1 xDrive20i – Глатко поминати 100.000 километри, само навигацијата покажа недостатоци.

13. Ford Focus 2.0 EcoBlue – Беше во топ форма на крајот од тестот. Се појави само незабележлива површинска ‘рѓа.

12. VW Tiguan 2.0 TSI – Само при расклопување е забележана грешка: мала корозија на долниот раб на багажникот.

11. Volvo XC60 D4 – Овој SUV ја оправдува својата висока цена, моторот и понатаму е во топ форма и по 100.000 км, но Volvo треба да ја искорени ‘рѓата на шасијата.

10. Kia Sportage 2.0 CRDi AWD – Доверливост на највисоко ниво, Kia одамна престана да се истакнува само по цена и стана главен конкурент на германските модели.

9. VW Golf Sportsvan 1.4 TSI – Убедливо и без дефекти помина 100.000 км, па тестот беше продолжен за уште 50.000 км. И тој дел го помина без проблем.

8. Toyota Prius IV – Техничките компоненти не се потрошени, на каросеријата се пронајдени само мали траги од корозија.

7. Mazda CX-5 Skyactiv-D 184 AWD – го помина тестот без значителни дефекти, едвај забележлива корозија почна да се појавува под багажникот.

6. Suzuki Swift Sport 1.4 Boosterjet – Без никакви проблеми го помина тестот за издржливост, по расклопувањето беше пронајдена ‘рѓа на шасијата.

5. Audi A4 B9 Avant 2.0 TFSI – При расклопување по 100.000 км, не се забележани никакви проблеми или причини за жалба.

4. Seat Ateca 1.4 Eco TSI – По подолги патувања, неколку возачи се пожалиле на болки во грбот, инаку се работи за беспрекорен автомобил.

3. Audi A6 Avant 2.0 TDI – По речиси 115.000 километри, освен паркинг сензорот, не е забележан дефект.

2. BMW Z4 – Без никакви компликации го помина тестот за издржливост на 100.000 км.

1. Audi A3 Sportback 1.4 TFSI – Без дефект, без оштетување. Завршната проверка по расклопувањето не откри никакви проблеми.

Извор: Кајгана