Јончевски: Се враќа Димитријевиќ се уште имаме шанси за продолжување на квалификациите

ИЗВОРТелма
|

Македонската кошаркарска репрезентација утре во Скопје против Грузија ќе го одигра четвртиот натпревар во квалификациите за Светското првенство и на мечот во А1 арената Борис Трајковски имаме можност да ја забележиме првата победа.

“Имавме најави дека на утрешниот натпревар ќе се вратат неколку важни репрезентативци како Димитријевиќ, Мекиќ, Ѓуроски… но освен Димитријевиќ кој е присутен на тренинзите, се уште не можеме да сметаме на останатите. Денешните тренинзи ќе ги искористиме за подетална анализа и спроведување на тактичките замисли за тоа што нè очекива во недела. Мислам дека шансите не се загубени, бидејќи со подобра игра од онаа во четвртокот, како и со триумф против Украина во јуни, можеме да се надеваме на пласман во следната фаза од квалификациите”, Александар Јончевски, првиот асистент на селекторот Драган Бајиќ кој поради позититен тест нема да може да ја предводи репрезентацијата на Македонија.

ФОТО: Игор Паневски