Овен (21.03 – 20.04)
Денот ќе ви биде лефтерен, без многу обврски и задачи. Ќе уживате и ќе се одморате. Во љубовта ситуацијата е на највисоко можно ниво. Нема што повеќе да барате.
Бик (21.04 – 21.05)
Денес нема да ви се допаѓа атмосферата на работа, па ќе бидете незадоволни и ќе се жалите за многу нешта. Во љубовта ситуацијата е неповолна, преземете нешто.
Близнаци (22.05 – 22.06)
Ве очекува голем напредок, зголемување на платата или напредување е пред вас. Во љубовта пронајдете начин да го зајакнете односот со партнерот. Оние кои се во подолги врски ги очекува понуда за брак.
Рак (22.06 – 22.07)
Можете да очекувате големо подобрување на полето на финансиите, како и прилика да напредувате ако се занимавате со приватна работа. Ситуацијата во вашата врска е повеќе од добра. Страста е насекаде распостелена.
Лав (23.07 – 22.08)
Сакате да промените многу во својот живот. Ако градите кариера, можете да очекувате успех во секој вид на дејност. Ве очекува авантура со воден знак и со некој кој е подеднакво амбициозен како и вие.
Девица (23.08 – 22.09)
Денот на работа ќе ви биде одличен, одлично ќе се справите со обврските. Во љубовта саканото лице ќе ве изненади со некој предлог. Ќе бидете позитивно изненадени.
Вага (23.09 – 22.10)
Важно е правилно да се разбирате со соработниците и да ги испочитувате основните правила во деловната соработка. Немојте да бидете ситничари. Дозволете му на партнерот да прави што сака.
Шкорпија (23.10 – 21.11)
Позитивно сте расположени. Обидете се тоа да го пренесете на работа. Нема причина за лажна скромност. Партнерот ќе ве изненади со некои негови потези, позитивно се разбира.
Стрелец (22.11 – 21.12)
Вашите соработници и пријатели имаат добри намери, па така денес ве очекуваат позитивни случувања. Во љубовта не се двоумете за личноста која ви упатува емотивни сигнали.
Јарец (22.12 – 20.01)
Посветете им внимание на приоритетните обврски и дозволете си малку одмор. Во љубовниот живот лесно го губите интересот за партнерот. Емотивното затишје ќе ви го промени мислењето.
Водолија (21.01 – 19.02)
Немате доверба во соработниците. Ве осветуваме да не ги откривате вашите планови. Ве нервира однесувањето на партнерот. Не ви одговараат неговите постојани изговори.
Риби (20.02 – 20.03)
Што се однесува на работата, вие сте многу задволни. Денес е одличен ден за разговор со партнерот. Доколку нешто ве мачи, денес треба отворено да го кажете тоа.