Во Македонија има вкупно 280 исчезнати лица кои не се пронајдени и за кои потрагите се отворени.
Пред десетина дена исчезна 84-годишната Рада Иваова во Волково и потрагата по неа уште трае, додека роднините бараат стручна помош од надлежните служби и граѓаните.
Случај кој ја вознемири јавноста е исчезнувањето на 10-годишниот Петар Џобески во мариовско.
Малиот Петар го нема веќе 17 дена, а во емисијата КОД сведочења на родителите на Петар и на спасувачите кои се обидуваат да го најдат. Се користат дронови, се влегувало во река, се проверувало во стари рударски окна.д
Покрај потрагата, отворена е и истрага за исчезнувањето.
Безуспешната потрага низ атарот на селото, отвора сомнеж за старата рударска јама во Мариово. Дали е можно Петар да паднал во длабоката дупка? Тимот на Дирекцијата за заштита и сапсување го пребарува окното каде има отровни гасови, слегуваат на длабочина од 70 метри. Со кислородна боца на себе имаат малку време за акцијата.
-Кога слеговме во таа вертикална дупка има три канали каде се копала рудата во радиус од 20 метри беше пребарано, но ништо не пронајдов. Потоа мораше брзо да излеземе затоа што дишеме на време секоја минута ни е битна за што побрзо да излеземе затоа што свесно го ризикуваме и нашиот живот, вели Дарко Неданоски, спасувач.
Иако малку веројатно малиот Петар да тргнал кон Црна која е на 5-6 километри од селото, сепак спасувачите со чамец тргнаа да ја пребараат надојдена и опа сна река, но, безуспешно.
-Започнавме пребарување по течението на реката Црна, а акцијата е исто така голема и ризчна, реката е со висок водостој, има паднати дрвја и карпи кои не се гледаат на површината на водата, рече спасувачот Неданоски.
Во меѓуврме обвинителството отвори предмет за исчезнувањето на Петар Џобески, а на сослушување е повикано целото семејство, таткото и мајката на Петар и двајцата браќа.
-Во полиција ме прашуваа како се случи, кај одев, што работев дента. Па не веруваа, ми велае кажи ја вистината, не е така, кажи како е побрзо да се најде детето. Инспекторот ми вели случајно да не си го карал па да си го удрил, да паднало, се онесвестило, некаде да го имаш однесено во паника, рече таткото Стојан Џобески, оштетен со исчезнувањето, но полицајците во истрагата без јасни причини почнале да му префрлаат вина за исчезнувањето на малиот Петар.
Таткото претходно ги раскажал сите детали за исчезнувањето на Петар и за самото дете кое има 10 години.
Минаа 17 дена од исчезнувањето на Петар, а од него нема ни трага ни глас.
Емилија Мисирлиевски
Емисијата е на ТВ Телма во 19:15 вечерва (недела 13.03.2022)