Влезници за Италија – Македонија можат да се купуваат до вторник

ИЗВОРНов Лист
|

Фудбалската федерација на Македонија праќа информација до навивачите на македонската А репрезентација и љубителите на фудбалот кои сакаат да ја бодрат нашата селекција на натпреварот на 24. март меѓу Италија – Македонија во Палермо дека платформата, односно следниот линк за купување билети од денеска повторно е отворен и навивачите ќе имаат можност да купат билети до вторник до 12:00 часот.

Повторното отворање на платформата за продажба на билети на Италијанската фудбалска Федерација е резултат на одлуката на италијанските власти да дозволат исполнување на целиот капацитет на стадионот „Ренцо Барбера“ во Палермо.

Македонските навивачи и љубители на фудбалот кои веќе поседуваат кодови за купување на влезници, а од технички или други причини не успеале да ја завршат процедурата за купување на влезници, можат повторно да влезат во системот за продажба на билети и да ги купат бараните влезници.

Лицата кои аплицирале за билети и имаат добиено кодови:

Треба да пристапат на следниот линк за билети:

Со добиените кодови од одделот за билети на ФФМ ги купуваат истите;

Билетот го добиваат во електронска форма;

Пред да отпатуваат за Италија, задолжително мора да го пополнат и поседуваат формуларот кој се наоѓа на следниот линк

Навивачите на македонската репрезентација кои немаат аплицирано за кодови за купување на билети, а се заинтересирани за следење на натпреварот Италија – Македонија во Палермо може да аплицираат за влезници преку електронска најава (име, презиме и број на билети) испратени на e-mail адресата bileti@ffm.com.mk.

Доколку има можност истите да ви бидат ставени на располагање, на e-mail адресата од која е испратено барањето, добивате посебен код за пристап на следниот линк.