-Поради тебе имам можност да го работам она што најмногу го сакам и тоа е мојот најголем благослов. Тоа е подарок што ми го подари, сакам да ти се заблагодарам за тоа – изјави Лопез
Латино дивата Џенифер Лопез го одржа својот говор по добивањето на Icon Award на доделувањето на iHeartRadio Awards, а камерите го „уловија“ Бен Афлек кој гордо гледаше кон сцената.
Афлек на доделувањето дошол со својот десетгодишен син Семјуел, а Џенифер со нејзината 14-годишна ќерка Ема. Додека Лопез беше на сцената, Афлек ја гледаше со насмевка на лицето, а децата не престанаа да аплаудираат.
Лопез, која носеше заводлив фустан во маслинесто-зелена боја, ја доби наградата од LL Cool Jay, со која соработуваше на снимањето на песната „Control Myself“.