Ја цитирал Констракта, па добил единица: Ученик ја почнал писмената со стих од песната на Констракта (ФОТО)

ИЗВОРНов Лист
|

На социјалната мрежа ТикТок се појави објава на ученик кој напишал стих од песната на Констракта, по што добил единица.

Имено, тој на почетокот напишал „Уметница мора бити здрава“ на тема „Уметноста е мост што ги поврзува времињата и народите“, по што добил недоволна оценка.

Претпоставуваме дека на оценката најмногу влијаело тоа што освен стихот на песната ученикот не напишал ништо друго.

Инаку, Констракта победи на изборот за песна за Евровизија во Србија оваа година, по што следуваа голем број реакции. „Ова е посебно и оригинално. „Конечно не испраќаме никаков кич“, „Денес плачат љубителите на турбо фолк“, „Секоја чест, конечно нешто со силна порака и дека разголените пејачи не се во преден план“, „Генијално, разбирам дека не на сите им се допаѓа, сепак треба да го користите мозокот кога слушате“, пишуваат луѓето на мрежите.

Сепак, има и незадоволни. „Ајде ова е ужас, какво рецитирање“, „Со оваа песна да се отворат работнички спортски игри, а не Евровизија“, „Ајде еднаш да освоиме последно место“, пишуваат оние кои не веруваат дека добро ќе помине на овогодинешната Евровизија.