Македонија не би требало да се соочи со недостиг на масло за јадење, но кои ќе бидат цените не се знае

ИЗВОРТелма
|

Србија ја тргна и забраната за извоз на сурово, нерафинирано сончогледово масло, кое им е потребно на македонските компании за производство на зејтин. Претседателот на Одборот на директори на Витаминка, Симон Наумоски кои ја имаат фабриката Бријалнт во Штип вели тоа ќе го реши проблемот со недостаток на суровина за неколку месеци. Оваа фабрика покрива 60 % од домашниот пазар на масло за јадење, пред извесно време имало мал застој во дистрибуцијата во маркетите, а сега трвдат дека сега состојбата се нормализира. Но, според него никој не може да кажи или да прогнозорира дали зејтинот во супермаркетите ќе поскапи.

Забраната за извоз на домашно жито и масло за јадење останува до 15-ти Април. Наредната недела се очекува да завршат процедурите за увоз на пченица и пченка од Србија.

Лани од Србија во државата се увезени 65.000 тони пченица и 54.000 тони пченка. Се проширува и листата на земјоделски култури што ќе користат средства од Интервентниот фонд. Освен за пченица и јачмен ќе има субвенции и за ѓубрива за производителите на сончоглед, пченка и ориз. Оваа мерка се носи поради високите цени на ѓубривата без кои ќе има намалени приноси.

Викторија Јованова