Ѓоковиќ со честитки за Македонија: Херои! Секоја чест, гледав, навивав(ВИДЕО)

ИЗВОРНов Лист
|

Македонската репрезентација направи сензација и ја победи Италија среде Палермо, со погодокот на Александар Трајковски во завршницата. На победата ѝ се израдува и Новак Ѓоковиќ. Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ исто така го следеше натпреварот на „Ренцо Барбера“ и испрати порака до македонската репрезентација.

„Честитки, браво Македонија! Херои! Секоја чест, гледав, навивав. Одиме понатаму момци, уште еден чекор, па на Светско! Се најдобро ви посакувам!“, вели Ѓоковиќ во пораката упатена за македонските херои.