Пријанка Чопра ја сподели првата фотографија од нејзината ќерка

ИЗВОРНов Лист
|

Актерката Пријанка Чопра (39) и нејзиниот сопруг, Ник Џонас (29) ја објавија првата фотографија со ќерката Мари. Малото девојче поминало повеќе од 100 дена на одделот за интензивна нега на новороденчиња, а сега конечно се вратила дома, па родителите и посакале добредојде.

– На овој ден на мајката не можеме а да не размислуваме за овие последни месеци и низ што поминавме, а знаеме дека многу луѓе го поминале истото. По повеќе од 100 дена во NICU (интензивна нега за новороденчиња), нашето девојче конечно е дома – започна таа со фотографија на Инстаграм.

Актерката  призна дека „патувањето на секое семејство е единствено и бара одредено ниво на верба и додека нивното е „предизвикувачкo“, тие ретроспективно сфатија колку е скапоцен и совршен секој момент.

– Пресреќни сме што нашето девојче конечно е дома и само сакаме да им се заблагодариме на сите лекари, медицински сестри и специјалисти во Rady Children’s La Jolla и Cedar Sinai, Лос Анџелес, кои несебично беа таму на секој чекор – заклучија тие и додадоа дека нивното бебе е вистински борец.

– Нашето следно поглавје започнува сега. Ајде да одиме ММ! Те сакаат мама и тато – стои во соопштението.