Андреа уште еднаш се извини за скандалот: Македонското знаме ќе продолжам да го веам гордо како до сега

|

Никако да стивнат реакциите на јавноста по вчерашниот скандал кој се случи во Торино во Италија, кога нашата евровизиска претставничка го фрли државното знаме на подот.

Социјалните мрежи буквално експлоадираа вчера поради ваквото однесување на Андреа, која уште вчера објави видео на кое се обиде да објасни што се случило и дека не било со никаква лоша намера.

Таа утрово на социјалните мрежи повторно се обрати до јавноста, каде повторно се извинува за она што го стори.

Нејзината изјава ви ја пренесуваме во целост:

Сакам на сите уште еднаш со цела почит да ви се обратам.

Навистина ми е жал за сето ова што се случува. Се извинувам на сите за непромислената и брза одлука, намерата не ми беше лоша. Напротив, со голема љубов и гордост го носам знамето овие денови. Самото тоа што сум тука е чест за мене да ја претставувам Македонија и тоа навистина сакам да го направам со достоинство.

Многу сум благодарна што сум тука во Торино и што со гордост ја претставувам нашата земја.

Се извинувам уште еднаш од сѐ срце, а македонското знаме ќе продолжам да го веам гордо како до сега, така и наредните денови.