Температурите сеуште ќе растат – но за викендот доаѓа ИЗРАЗЕНА нестабилност, кога е можна појава на НЕВРЕМЕ

|

Денес времето во Македонија ќе биде сончево и ТОПЛО со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од северен и од северозападен правец. Попладне и тоа во планинските предели ќе има услови за локален краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 21 до 28 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и ТОПЛО со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, додека максималната температура ќе се искачи до околу 26 степени.

Потоа во следните два дена времето ќе се задржи претежно стабилно, суво и сончево со мала до умерена локална облачност. Сепак во попладневните часови во планинските предели не се искачува можноста за ретка појава на краткотраен дожд со грмежи. Понестабилно ќе биде за време на викендот кога на повеќе места ќе има појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а ќе има услови и за локална појава на НЕВРЕМЕ, проследено со СИЛЕН ВЕТЕР и со појава на град.

Што се однесува до температурите, тие ќе бидат уште повисоки и максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 24 до 32 степени.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука
Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki