Претставничката на Албанија се прогласи себеси за побеник на Евровизија – Се огласи по елиминацијата

ИЗВОРНов Лист
|

Низ социјалните мрежи не престанува да се зборува за тоа што се случи на првата полуфинална вечер на Евровизија, кога претставничката на Албанија при својот настап покажа двоглав орел.

Бидејќи не се пласираше во финалето, пејачката Ронела Хајати не крие дека е разочарана од конкуренцијата и сопствениот неуспех, па на социјалните мрежи сподели како се чувствува со целиот свет.

– И да влезев во финале, ќе бев последен. Знам. Но, количината на љубов што ја добив е огромна. Јас победив на Евровизија затоа што ја освоив публиката. А публиката е секогаш во право. Ве сакам – напиша Ронела.