Зголемен бројот на одобренија за градба – Во март 373 одобренија, предвидена изградба на 501 стан

ИЗВОРНов Лист
|

Според податоците на Државниот завод за статистика, во март 2022 година се издадени 373 одобренија за градење, што е за 10.4 % повеќе во однос на истиот месец од претходната година.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 4 585 341 илјада денари, што е за 12.1 % помалку во однос на истиот месец од претходната година.

Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 182 (48.8 %) се наменети за објекти од високоградба, 69 (18.5%) за објекти од нискоградба и 122 (32.7 %) за објекти за реконструкција.

Од вкупно 373 објекти, на 195 (52.3 %) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 178 (47.7 %) објекти инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 501 стан, со вкупна корисна површина од 45 333 м2.

Извор ДЗС.