Од каде потекнува митот за петок 13-ти?

|

Многумина знаат за 13 и 666 како броеви коишто се лош знак или предвесник, според познатото предание и суеверните убедувања. Но, во некои делови на светот, има и „пострашни“ броеви од нив. А од друга страна пак, има и општоприфатени среќни бројки.

Патем, од каде потекнува „светскиот страв“ од „петок, 13-ти“? Историјата и митологијата велат дека тоа е изворно скандинавски мит, за 12-те богови кои вечерале без Локи, богот измамник меѓу нив. Тој пристигнал последен, како 13-ти, но непосакуван гостин на гозбата и го натерал Ходр – слепиот бог на храброста и на во* ната, да го зас трела неранливиот Балдр – бог на смелоста и стаменоста, со см* тоносното за него оружје, стрела од имела. Преданието вели дека тој поч* нал во петок, на 13-ти и, „земјата ја покрила темнина“.

Ширум светот има и бројни други слични преданија, коишто можеби и не се толку познати…

Во Шпанија, на пример вторник, 13-ти е многу поозлогласен од петок, 13-ти. На тие денови, суеверните луѓе се плашат дури и да излезат да го фрлат отпадот. Целата приказна, се вели, произлегува од Марс, римскиот бог на вој* ата. Неговото име на шпански јазик значи – вторник. Легендите говорат и дека Константинопол првпат паднал под на падите на турко-монголската Златна Орда во вторник, на 13 април 1204 година. Уште повеќе, се вели и дека познатата библиска приказна каде Бог внел забуна кај градителите на Вавилонската кула, е поврзана со вторник, 13-ти.

Во многу светски култури, бројката 7 значи „совршенство“, но во Кина луѓето веруваат дека токму бројот осум носи среќа. Така, на пример, таму и луѓето што купуваат стан, настојуваат или претпочитаат тоа да биде на осми кат и, по можност, на влезната врата да има бројка осум.

Но, од друга страна, во Кина и други азиски земји, бројот четири, како што се верува – носи несреќа, оти на кинески јазик, „четири“ звучи слично како зборот за „см*т“.

Бројот 666 е ознаката на ѓаволот, на Сатаната со седум глави со по 10 рога, како што е опишано во книгата „Откровение на Јован: Апокалипса“. Според христијаните, тоа е и бројот на Антихристот.

Во САД, пак, има суеверие за бројот 23. Се вели дека римскиот император Гај Јулиј Цезар бил прободен 23 пати со нож. Согледувајќи ја, пак, годината на раѓање (1967) и на с*ртта (1994) на славниот рок-пејач Курт Кобејн, и во двата случаја, збирот на цифрите е 23 (1+9+6+7=23, 1+9+9+4=23). Натаму, нападот на кулите-близначки во Њујорк, се случи на 11.09.2001 година – 9+11+2+0+0+1=23…

Има стотици други примери коишто посветените следбеници на овој „култ“ грижливо ги документирале. Предминатото десетлетие, Холивуд го сними и филмот „Бројот 23“ – хорор-крими-мистерија со Џим Кери во главната улога. (МИА)