Бубамара налик на Холивуд: Горазд со шамар го “поздрави” Сашко Коцев

|

⁹Вчера во салата Борис Трајковски се одржа 25тата Златна Бубамара на популарноста, што воедно беше и прв настан од овој карактер по 2 годишната пауза од панде мијата.

Четири часа публиката будно следеше се што се случува на сцената, се смееше, пееше и по малку тагуваше.

Сашко Коцев како и секогаш беше главен водител на сцената, но и талентиранкте Атанас и Тино добија своја минутажа, па ја искористија на најдобар можен начин.

Неразделниот тандем веднаш се пожали дека на нив секогаш им ги даваат големите и покрупни луѓе да ги најават, па не сакаат да кажат нешто лошо и да ги навредат, бидејќи се плашат дека, налик на Оскарите, некој од нив ќе се качи на сцената и ќе ги уд ри.

За среќа тие поминаа лесно, но истото не може да се каже и за Сашко Коцев кој беше “поздравен” со ша мар од неговиот другар, Горазд Цветковски, кој се почувствува повикан и се качи на сцената откако водителот се пошегува за ќелавите луѓе.

Секако сетоа ова беше шега, па на крајот пријателите се прегрнаа и го најавија следниот добитник на наградата.

(Н.Ј.)