|
Автобусите со број 19 и 20 кои сообраќаат во Шуто Оризари од денес повторно превезуваат патници и нема застој. Град Скопје утрово префрли повеќе од 20 милиони денари, за ЈСП да може да ги исплати долговите према приватните автобуски превозници.
Од кабинетот на Арсовска за Телма информираат дека во моментов се прават и дополнителни анализи за да се излезе во пресрет на потребите на жителите од овој дел од градот и да се пуштат во сообраќај повеќе линии кои ќе возат на истата релација.
Луѓето од Шуто Оризари неколку дена немаа автобуски превоз и револтирани коментираа за работата на Арсовска, потсетувајќи ја дека им вети бесплатен превоз на скопјани, а не целосен недостаток на автобуси.