Сашко Коцев доби „Љубовен пасош“ од Александар и Дац за ширење љубов и позитивна енергија(ФОТО)

ИЗВОРНов Лист
|

Во четвртокот се одржа 25тата Златна Бубамара на популарноста, што воедно беше и прв настан од овој карактер по 2 годишната пауза.

Главен водител на манифестацијата, беше неповторливиот Сашко Коцев, кој доби Љубовен пасош од страна на Драган Спасов Дац и Александар Митевски . Драган Спасов Дац и Александар Митевски ја добија наградата за “НАЈПОПУЛАРНО ДУО” на годината.

„Сашко Коцев на “Златна бубамара” доби “Љубовен пасош” од нас
Го добиваат личности кои шират љубов и позитивна енергија во Македонија и во регионот. А нашиот Сашко е токму таков. Ќе гледате на снимката наскоро “ стои во објавата на дуото.