Џејсон Момоа ги налути Италијанците со неговите фотографии, па мораше да се извини

ИЗВОРНов Лист
|

Ѕвездата од Аквамен, актерот Џејсон Момоа беше во Италија на снимањето на Fast X, десеттиот дел од филмската сага Fast and Furious, а минатата недела на Инстаграм објави фотографии од Систинската капела, извинувајќи се што не бил фотографиран таму.

На 9 мај, актерот објави фотографија во прекрасна капела со фрески на Микеланџело кои ги красат нејзините ѕидови и тавани. Под него напиша: „Те сакам Италија, каков убав почеток на слободен ден во Рим“. Но, незадоволните обожаватели набрзо го потсетија во коментарите дека посетителите не смеат да фотографираат или да прават видеа во Систинската капела.

Затоа Момоа во саботата објави видео со извинување снимено во теретана. „Ова е мојот последен ден во Рим и едноставно ве сакам вас и Италија. Ако мислевте дека не ја ценам вашата култура, верувајте ми тоа не беше мојата намера“.

Тој исто така рече дека првпат ги посетил Ватикан и Систинската капела кога имал 19 или 20 години. Тој додал дека слободните денови во Рим решил да ги помине во обиколка на градот и посета на Систинската капела во приватен аранжман, а и донирал одредена сума пари за црквата.

Тој објасни дека по неговото пристигнување во капелата, обожавателите сакале да се сликаат со него, на што тој се согласил. „Побарав дозвола, сметајќи дека е правилно. Никогаш не би направил нешто за да покажам непочитување на нечија култура. Се извинувам ако го сторив тоа. Тоа не беше моја намера“, рече тој.