Победниците на Евровизија, украинскиот оркестар Калуш, го објавија официјалниот спот за песната „Стефанија“ со кој се претставија на овогодинешниот натпревар. Сцените од песната длабоко ќе ве трогнат бидејќи ја прикажуваат моменталната ситауција, но и мајка која се бори за слобода и спас на своето дете и татковина.
Заедно со песната е објавен и превод на англиски јазик.
„Еднаш ѝ ја посветив оваа песна на мајка ми, а сега таа песна доби многу нови значења.
Иако во песната нема збор за моменталната ситуација, многумина почнаа да ја поврзуваат песната со мајка Украина. Згора на тоа, општеството почна да ја нарекува химна.
Посочуваат и дека видеото е снимено врз основа на вистински настани.
За помалку од 24 часа видеото има повеќе од шест милиони прегледи.