Се повеќе деца имаат проблем со говорот – Ташкова вели дека ова е една од главните причини

ИЗВОРНов Лист
|

Голем е процентот на деца кои имаат проблеми со говорот. Познaтиот штипски логопед, Елена Ташкова која директно работи со учениците вели дека има и посериозни состојби кои треба подолготрајно да се третираат. Најголемиот дел или 30 % се деца кои имаат проблеми со неправилно изговарање на гласови.

Ташкова преку практикумот „Учиме со Ели – лесни песни за развој на говорот и почетното пишување им помага на децата кај кои има успорен говорен развој, родителите и наставници. Универзитетскиот професор Кирил Барбареев вели дека во светот особено внимание се дава на гласот на практичарите, а истражувањата на европско ниво покажуваат дека е многу поголем процентот на деца, кои имаат проблеми со говорот. Виновник за ваквата состојба е растењето на децата со паметни телефони, таблети и пред телевизорот.

Изолацијата на децата за време на пандемијата го зголемил и процентот на децата со пелтечење. Ташкова вели дека голем број на родители побарале помош од неа. Истражувањата во Британија покажале 76 отсто од учениците кои започнале да одат на училиште во 2020 година имале потреба за дополнителна помош при комуникацијата за разлика од претходните години, додека во наредната учебна година тој број паднал на 25 % кај училишните деца.

Викторија Димитрова Јованова