Мурињо возеше автобус по успехот, па за малку ќе направеше судар (Видео)

ИЗВОРНов Лист
|

Во досегашната тренерска кариера Мурињо има освоено дури пет европски трофеи и беше на трон на сите натпреварувања на УЕФА.

Фудбалерите на Рома знаеја како да ја прослават титулата, па Мурињо реши да го повози тимскиот автобус, по што стана хит на социјалните мрежи.

Мурињо за момент го замоли возачот да му го отстапи местото зад воланот и тој малку да вози, што возачот веднаш го прифати.

Тоа можеше да биде сериозна грешка, затоа што Мурињо за малку ќе предизвикаше незгода. Камерите снимија момент на кој се гледа како Мурињо едвај го запре автобусот и замалку ќе удреше полицаец со мотор.

Португалецот навремено стисна на кочницата и поголем инцидент беше сигурно спречен.

Видеото можете да го погледнете со клик ТУКА.