Актерот Џони Деп настапи во Ројал Алберт Хол во Лондон, додека ја чекаше пресудата од судскиот процес за клевета против неговата поранешна сопруга Амбер Херд.
Џони настапи во Лондон со својот пријател пејачот Џеф Бек, а заедно изведоа серија на кавери на познати песни.
Деп на настапот беше пречекан со овации, а следеа воодушевени коментари на социјалните мрежи.
На социјалните мрежи беше објавено видеото на Деп на кое тој пее и свири на гитара, каде што може да се забележат членови на публиката како ја бодрат и аплаудираат на холивудската ѕвезда.
Анџела Фланери од градот Саутенд на Море, која присуствувала на концертот, изјавила дека била „прилично шокирана“ откако го видела Џони Деп.
– Отсекогаш сум била негова голема обожавателка. Дојдов да го слушам Џеф Бек, немав поим дека Џони ќе свири. Беше одличен, фантастична вечер, Џони.
Да потсетиме, сведочењето и испитувањето на сведоците на судењето на Џони Деп и Амбер Херд е завршено, а сега се чека одлуката на поротата.
Адвокатот на Џони Деп истакна дека Амбер Херд мора да одговара за лагите, додека адвокатскиот тим на поранешната сопруга на Деп во завршниот збор истакна дека во текот на шестнеделното судење се покажало дека славниот актер е насилник на кој не може да му се верува.
Деп (58) ја тужеше Херд (35) пред суд во Вирџинија, барајќи отштета од 50 милиони долари поради претходен текст.