Многу експерти тврдат дека отштетата што актерката Амбер Херд треба да ја плати за клеветење на нејзиниот поранешен сопруг Џони Деп претставува финансиски ризик за неа. Не се знае колку има Амбер, но заработила милиони глумејќи во филмовите Аквамен и Аквамен 2, а од Деп добила и седум милиони долари по нивниот развод во 2016 година, кои ветила дека ќе ги донира во хуманитарни цели, што не го направила.
Newsweek пишува дека сведочењето сугерирало дека кариерата на актерката била прекината поради правна битка со нејзиниот поранешен сопруг, што го наметнува прашањето дали Амбер има доволно пари да ја плати пресудата – 10 милиони отштета и 5 милиони долари казнена отштета, намалена на 350 илјади долари.
„Иако Херд би можела да се жали на пресудата, сепак би требало да плати гаранција за целосната пресуда од 10,35 милиони долари, плус камата“, изјавила адвокатката Сандра Сперџон.