Кошаркарот и претседател на КФМ, Перо Антиќ и македонскиот топ-модел Катарина Ивановска, извесно време се во врска. Својот приватен живот ретко го експонираат, а најновите фотографии покажаа дека тие уживаат во меѓусебното дружење.
Судејќи според фотографиите на нивните профили на Инстаграм, кошаркарот и манекенката поминале убави денови во турскиот бисер Бодрум и иако не објавија заедничка фотографија, повеќе од јасно е дека заедно уживале во убавините на популарното турско летно одморалиште.
Особено внимание привлече фотографијата на која Катарина лежи на грбот на „непознат“ маж. Катарина сподели уште една инстаграм-приказна, на која Перо Антиќ претходно ја имаше означено.