До крајот на денов времето во Македонија ќе биде променливо облачно со умерен до засилен ветер од северен правец, најизразен Долж Повардарието. Локално ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за ретка појава на град. Максималните температури денес ќе се искачуваат во интервалот од 20 до 26 степени.
Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно со умерен до засилен ветер од северен правец. Ќе има услови и за локална нестабилност проследена со пороен дожд, услови за појава на грмежи и со засилен ветер. Максималната температура ќе се искачи до околу 24 степени.
Потоа во текот на утрешниот ден, и тоа особено попладнето и вечерта ќе има појава на локална нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите има услови да бидат ПОИНТЕНЗИВНИ и застапени во форма на НЕВРЕМЕ. Од вторник па натаму Атмосферата ќе биде постабилна а ќе има и многу повеќе сончеви периоди. Сепак во попладневните часови не се исклучува можноста за ретка појава на краткотраен пороен дожд и грмежи.
Што се однесува до температурите, тие во следните денови ќе бележат тенденција на ПОРАСТ, и максималните дневни температури и тоа особено од вторник па натаму ќе се искачуваат во интервалот од 26 до 33 степени, додека во најтоплите предели истите можно е да се искачат до околу 35 степени.
За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука.