Хали Бери била бездомник: „Се јавив на мајка ми, која одби да ми позајми пари за да преживеам“

ИЗВОРНов Лист
|

Познатата актерка Хали Бери денес важи за една од најуспешните, но и најубавите жени на јавната сцена, а ретко кој ја знае нејзината животна приказна.

Актерката не живеела отсекогаш раскошен живот, таа се преселила од Чикаго во Њујорк кога имала само 18 години.

Многу брзо потоа останала без пари, поради што морала да живее во прифатилиште за бездомници.

Во најтешките моменти од животот ја повикала мајка си да и позајми пари за да преживее, но безуспешно. Мајка и не сакаше да и помогне, поради што Хали денес и е неизмерно благодарна.

„Кога не сакаше да ми прати пари, не разговаравме една година. Сепак, сега мислам дека тоа е една од најдобрите работи што ми ги направи“, заклучила актерката, која потоа се вработила како келнерка, а потоа запловила во светот на филмот во кој се здоби со слава.