Големи планови за лавовите, стабилен период за овните – Дневен Хороскоп (24.06.2022)

ИЗВОРНов Лист
|

Овен (21.03 – 20.04)

Стабилни сте иако чувствувате веќе подолго време дека имате проблем со сонот. Можеби сте ја замениле ноќта со денот. Вашиот метаболизам може да го истрпи тоа. Вратете се во нормала што поскоро. Само добро организирајте се, тоа не би требало да ви претставува проблем.

Бик (21.04 – 21.05)

Секое инвестирање во себе ќе има неверојатно позитивен ефект. Мора да започнете исклучително серизоно да водите сметка за тоа да не се потресувате толку за некои работи и луѓе, особено не за оние во блиското опкружување. Оставете ги сами да си одлучуваат за својот живот.

Близнаци (22.05 – 22.06)

Во овој ден нагласокот е на добрите вибрации. Премногу сте оптеретени со црни и мисли со негативен предзнак, така што психичи прилично сте истрошени. Ова може многу непријатно да се одрази врз вас. Морате да направите радикални промени.

Рак (22.06 – 22.07)

Многу сте креативни и опуштени. Конечно сакате малку да уживате, а особено доколку се занимавате со уметност, ова е добар период за создавање и заработка. Подобрете го односот со партнерот, завртете нов лист. Внесувате хармонија во деловното опкружување. Многу сте активни.

Лав (23.07 – 22.08)

Многу сте амбициозни и имате големи планови кога станува збор за работата, но бидете малку потолерантни кон оние околу вас. Понекогаш делувате дрско бидејќи имате се помалку разбирање за другите, што може да доведе до нарушување на односот со вашите блиски лица.

Девица (23.08 – 22.09)

Добри вести во врска со работата која повеќе пати беше одложена. Доколку сакате да инвестирате, следете ја својата интуиција. Можно е да дојде до ситни проблеми поради невнимание или грешки во вашата околина. Некој тајно ви се допаѓа. Намалете го внесот на слатки, водете сметка како се храните.

Вага (23.09 – 22.10)

Ангажирани сте на различни страни, но се има своја здрава граница на издржливост и позитивни можности. Порационално користете ја вашата енергија бидејќи работната терапија има позитивни ефекти само под одредени околности. Поставувате премногу барања пред партнерот.

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Ви недостасуваат одредени дипломатски манири и повеќе тактичност на средбите со соработниците. Несвесно откривате повеќе од тоа што е потребно. Ви се чини дека залудно размислувате за некои романтични нешта, но не е така.

Стрелец (22.11 – 21.12)

Се наоѓате пред нова дилема, мислите дека некој си поигрува со вашата доверба. Сепак нема причина да се вознемирувате, решете го тоа смирено. Партнерот ве следи со одредена доза на недоверба, оправдано.

Јарец (22.12 – 20.01)

Деловниот или личен предизвик секогаш може да се преточи во поширока насмевка која остава добар впечаток на околината. Важно ви е да делувате како вистински перфекционист пред некои лица со цел да оставите подобар впечаток. Делувате динамично, шармантно и духовито.

Водолија (21.01 – 19.02)

Сега имате прилика да забелeжите некој, меѓу многуте во вашата близина, кој само го чека вашиот знак на заинтересираност и желба. Завртете се малку околу себе, прифатете нечие додворување. Вашето срце ќе биде купено со нечија интелигенција и внимание.

Риби (20.02 – 20.03)

Заплеткани сте во различни ситуации кои го надминуваат вашето знаење или практичното искуство. Најдобро е да се дистанцирате од се што може да ви предизвика непријатност. Нема причина да ја одложувате средбата со едно лице кое постојано ве бара.