Пилешкото месо иако не е многу хранливо, како говедското и мисиркиното, на пример, е попучарно во исхранатаа поради брзата подготовка и неспецифичниот мирис. Сепак, познато е дека е пилешкото месо купено во супермаркет е полно со адитиви (хемикалии, антибиотици и хормони).
Најкорисно и најздраво е белото месо, но секако се препорачува да биде добро термички обработено, за да се уништат сите можни паразити и бактерии.
Најдобро е да го варите месото во две води – прво варете пет минути, а потоа процедете ја зовриената вода и ставете го месото во друга во која тоа ќе се свари до крај.
Прво сварете го месото за да се ослободите од паразитите и големата количина антибиотици со која е полнето, советува готвачот Сергеј Синицин.
Тој препорачува и при купувањето на месото, прво да го помирисате – ако почувствувате мирис на хемикалии, откажете се, во таквото месо нема здрави состојки.