|
Пејачката Анастасија Петреска, која е ќерка на познатиот фолк пејач Наум Петрески, и нејзиниот сопруг Владимир Поповски, кој е истотака пејач во групата „Биоритам“, станаa родители по вторпат.
Анастасија роди син, а честитките за приновата во музичкото семејство пристигнуваат од сите страни.
Анастасија и Владимир стапија во брак во 2018 година, а по само неколку месеци во март 2019 госина веќе станаа родители на ќеркичката Андреа.
Инаку, Анастасија е најстарата ќерка на Наум Петрески, кој сега стана дедо по вторпат.