|
Турската актерка е во посета на Македонија заедно со својот вереник. Ебру Шахин го кажа своето „да“ на момчето по потекло од Македонија.
Како што пренесуваат медиумите, венчавката во Охрид ја направија на брод и во присуство само на најблиските.
На социјалните мрежи и двајцата објавија фотографии од Охрид од кои можеме да видиме дека уживаат. Таа објави и една фотографија која веднаш стана хит и заврши на насловните страни во сите медиуми во Турција. Имено, таа позираше во костим за капење, покрај Охридското езеро, на плажата Градиште, и никого не остави рамнодушен.