Твитер му порача на Маск: Се гледаме на суд

ИЗВОРНов Лист
|

По веста дека Илон Маск се повлекува од договорот за купување на Твитер вреден 44 милијарди долари, на вработените им е наредено да не даваат никакви изјави во врска со новонастанатата ситуација.

Во меморандумот што Твитер го испрати до вработените, се наведува дека договорот за спојување е правно прашање и дека компанијата планира да преземе правни мерки против Маск.

Меморандумот што Шон Еџет, генералниот советник на Твитер, им го испрати на вработените во петокот навечер:

„Известени сме дека Илон Маск се откажува од купувањето на Твитер.

Твитер е подготвен да го финализира договорот по цената и условите договорени со г-дин Маск и планира да преземе правни мерки за да го заврши договорот за спојување. Уверени сме дека ќе победиме на судот во Делавер.

Бидејќи ова станува правно прашање, треба да се воздржите од твитување или давање какви било изјави во врска со ситуацијата што се појавува. Ќе продолжиме да споделуваме информации кога ќе можеме, но имајте предвид дека сме многу ограничени во она што можеме да го споделиме.“ велат во објавата.

Претседателот на Твитер Брет Тејлор (Тејлор) набргу потоа објави слична објава на својот Твитер профил.

Тимот на Маск тврди дека компанијата не доставила податоци за бројот на ботови и лажни сметки на интернет и дека тоа е причината за повлекувањето.