Јордан Митев: Останав за да допринесам за мојата земја, иакo можев многупати да заминам одовде

ИЗВОРНов Лист
|

Јордан Митев е еден од ретките пејачи за кој може да се каже дека искрено ја сака и почитува Македонија, а тоа го докажува преку неговите чести статуси и коментари на социјалните мрежи, а понекогаш и некој коментар кон него знае да го испровоцира, па да си каже се што му лежи на срце.

„Ви Благодарам на сите! Господ да ги чува и благослови сите искрени и чисти Македонци! Искрено, многу ми е жал што дојдовме до тука. Жал ми е, и да бидам искрен како македонец ми претставуваше душевна болка, но не знам и не можам ништо јас повеќе да направам. Преку културата преку песната и старата и новата јас се потрудив колку толку да му дувнам на македонското жарче. Некаде тоа и скапо ме чинеше.

Тешко е да бидеш добар за сите или барем за повеќето, бидејчи ако кажеш нешто веднаш се толкува или лево или десно. Многу ќе речат, пеј си и уживај си. Да, јас тоа можам да го праватм, и ќе ми виде многу по лесно, можев и многу пати да заминам од овде, но јас останав се со цел да барем со едно зрно допринесам за мојата земја. Зошто, за да неекоја неписмна будала утре да те нарече предавник, ти пцуе фамилија и што уште не.

Но ме радува што освен будали, во оваа земја сепак има и паметни луѓе, можеби се понекогаш тивки и некаде настрана, но ги има!

Ви Благодарам уште еднаш пред се, бидете здрави и живи каде и да сте.“, стои во објавата на Јордан Митев.