Јелена Карлеуша влета во кадар на својот менаџер додека тој снимаше на плажа во Дубаи.
Јелена Карлеуша замина на одмор во Дубаи каде во друштво на ќерките и менаџерот Зоран Бирташевиќ го прослави својот 44 роденден.
И додека нејзините многубројни обожаватели нетрпеливо ги чекаат првите заводливи фотографии, особено оние во бикини, пејачката сподели приказна која сите ги насмеа и воодушеви.
На Инстаграм се појави видео на кое таа налета на својот менаџер додека снимаше, а потоа танцува и позира.
Речиси сите го коментираа видеото, а многумина истакнаа дека Јелена изгледа згодно и без фотошоп, иако многумина ја обвинуваат дека премногу го користи.