Светлана Цеца Ражнатовиќ објави семејна фотографија.
Светлана Цеца Ражнатовиќ често истакнува колку и е важно семејството, како и колку е благодарна на родителите кои секогаш ја поддржувале и ја туркале напред во текот на нејзината кариера.
Нејзиниот татко и мајка никогаш не биле експонирани во јавност, па ретко имаме прилика да ги видиме, а Цеца сега на својот Инстаграм профил објави фотографија на која е со својата мајка Мира Величковиќ.
Многумина ја забележаа неверојатната сличност меѓу нив двe, а сега е јасно од кого ја наследила убавината.