Бајага се налутил на прашањето за разводот: „Зошто ви е гајле како се чувствувам?

ИЗВОРНов Лист
|

Синоќа започна фестивалот „Бир фест“, а меѓу другите концерт одржаа Бајага и инструкторите. Со нетрпение очекуваниот настап беше проследен со прашања од медиумите за разводот, кој тој го криеше од јавноста повеќе од една година.

Ова беше прв пат Момчило Бајагиќ да се појави во јавноста, откако се појави веста дека се развел од сопругата Емилија.

Бајага пред настапот им се обрати на насобраните новинари, а конкретно зборуваше само за кариерата, песните, публиката, но на прашањата за приватниот живот немаше баш најдобра реакција.

Имено, новинарите го прашале музичарот како се чувствува како слободен човек, на што тој реагирал бурно.

„Не ми е гајле што ти е гајле за тоа како се чувствувам како слободен човек. Нема да кажам“, изјави накратко Бајага за медиумите.