Саша Матиќ денес важи за една од најголемите музички ѕвезди. Тој е самокритичен, но и голем перфекционист, па во секој настап наоѓа маани.
На само 21 година пееше пред полна сала Пионир во далечната 1999 година, а тремата, како што вели, го „изела“.
Толку трема имав тогаш, ја имам таа снимка некаде. Само затоа што тогаш дозволив нервите буквално да ме изедат. Јас сум само перфекционист и не ми се допаѓа кога се случуваат такви работи бидејќи секогаш можам подобро. Секогаш сакам чекор напред и секогаш можам подобро. Но, навистина, таа сала Пионир беше мојата отскочна даска, тогаш луѓето некако ме запознаа – се присети Матиќ.
Уште еден датум е врежан во срцето на Матиќ! Имено, пејачот никогаш нема да го заборави 20-ти мај 1997 година и моментот кога пееше со веќе големата ѕвезда Ана Бекута.
Бев гостин на Ана, пеев во емисијата на мојата драга пријателка која тогаш ја водеше програмата. На крајот на краиштата, ова се два настани кои добро ме лансираа и ми дадоа ветер во грб да бидам тоа што сум денес – призна Матиќ.
Матиќ со посебно внимание ја избира секоја песна, а на публиката се уште не им ја исполни долгоочекуваната желба да сними дует со неговиот брат Дејан Матиќ.
Единствената причина зошто немам дует со брат ми е што немаше соодветна песна. Сето тоа е нешто понудено што е веќе слушнато и видено и барам нешто посвежо – признал пејачот.