Среќа во домот на Ѓоковиќ – најмладиот брат на Ноле ќе стане татко

ИЗВОРНов Лист
|

Водителката Сашка Веселинов, која младиот Ѓорѓе Ѓоковиќ, братот на Новак Ѓоковиќ, ја запроси пред неколку дена, е трудна.

Водителката и модна дизајнерка е трудна, а пред да стане мајка ќе се омажи за Ѓорѓе на прослава која ќе се одржи на 12 септември.

Добри вести за новото засилување во семејството Ѓоковиќ пристигнуваат само неколку дена по свршувачката на Калемегдан.

Сашка неодамна проговори за нејзиниот заеднички живот со Џоле и откри како почнале да излегуваат:

-Многу е интересно бидејќи од првиот ден неофицијално живееме заедно. Живеев во центар во стан под кирија и од првиот ден некако беше таму за мене. По дваесетина дена запознавање, отидовме заедно на море и останавме таму една или две недели. Кога се вративме, дојде кај мене и ми рече „Не можам повеќе да ги носам овие работи“, затоа што зеде торба, ја наполни со работи неколку дена, ми ја донесе, па ја смени и така натаму. Потоа само рече „Би сакал една дестинација да ни биде дом, по патувањето да се вратиме во истата куќа“. И така го започнавме нашиот заеднички живот и тоа е навистина прекрасно чувство – изјави водителката.