По фотографиите од одморот каде гордо го покажа трудничкиот стомак и доби грст комплименти за својот изглед, Јелена Костов се породи и на свет донесе прекрасно девојче.
Таа и нејзиниот сопруг Миљан своето девојче го нарекоа Мила, а како што пренесуваат медиумите породувањето поминало добро.
Инаку, пејачката и нејзиниот сопруг Миљан добија син пред пет години, а сега семејството го проширија со девојче.
За време на бременоста не криеше колку е возбудена поради своето второ дете, а бидејќи по препорака на лекар ги откажа сите настапи и реши да одмори до крајот на бременоста, времето во текот на летото го искористи за патување и релаксација покрај морето.