СЛЕДУВААТ НАТПРОСЕЧНО ВИСОКИ ТЕМПЕРАТУРИ – ОВА СЕ НАЈНОВИТЕ ДЕТАЛИ

|

И понатаму продолжува периодот на стабилно, суво и сончево време со мала до умерена локална облачност.

Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец, и истиот повремено ќе засилува на интензитет.

Локален развој на нестабилна облачност, проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер ќе има за време на викендот кој доаѓа.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Услови за нестабилност во делови од Скопската котлина ќе има за време на викендот.

Температурите овие денови ќе бидат нешто повисоки и над просекот за овој дел од годината. Истите ќе се искачуваат во интервалот од 26 до 32 степени, додека во најтоплите централни и југоисточни предели температурите се очекува да се искачат до 34 степени.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука
Можете да ме следете и на инстаграм slavchopoposki