„Конечно нешто пристојно“ – Карлеуша изненади со издание за роденденската прослава на нејзините ќерки(ФОТО+ВИДЕО)

ИЗВОРНов Лист
|

Јелена Карлеуша на јавноста и е позната по предизвикувачките комбинации во кои секој пат го собира целото внимание, но за роденденот на ќерките ги изненади сите со својот моден избор.

Регионалната дива и пејачка Јелена Карлеуша го прослави роденденот на ќерките Атина (14) и Најк (13) во Виена.

Таа за таа прилика избра свилен фустан на едно рамо до подот со специфични детали со пердуви. Јелена во таа комбинација покажа дека може да биде совршена и во посериозни комбинации и дека се одлично и прилега.

Посебен ефект на целата комбинација додадоа ниска пунџа и засилена шминка и златна чанта.

„Облечена си како божица од митологијата“, напиша еден од фановите под фотографиите.

„Конечно нешто пристојно“, додаде друг обожавател.

Неодамна на социјалната мрежа TikTok се појави видео од нејзиниот концерт, кое реално покажа како изгледа телото на Јелена без фотошоп.

Иако нејзиното тело е затегнато и беспрекорно на нејзиниот Инстаграм профил, се чини дека на реалната слика се е малку поинаку.

Енергичната пејачка за време на танцот покажа дека нејзиното тело не е сосема совршено како што го прикажува на социјалните мрежи.

Под видеото имало прашања од зачудените обожаватели на кои им пречело нејзиното лажно прикажување, па ја прашале „А каде ти е сега фотошопот?“.Видеото можете да го погледнете со клик ТУКА.