Најпознатата македонска ТВ водителка Лила Филиповска моментално ужива на плажите во Бодрум.
Додека за скоро сите летните одмори завршија и се вратија на работните места, водителката Лила не сака да верува дека летото е завршено.
Таа пред неколку денови, си ги спакува куферите и замина во прекрасниот Бодрум, Турција, за уште малку да ги наполни батериите пред да започне со новите работни предизвици.
Таа сподели моменти од своето патување и постојано е активна на социјалната мрежа Инстаграм, па не е тешко да констатираме дека водителката навистина ужива. „Не е битно каде одиш во животот,се дури патот те води кон плажа. На оваа плажа ме прати другарка ми Мима, a може и вас да ве прати, ако се јавите“, напиша Лила во описот на нејзината фотографија, на која држи коктел и позира во опуштено издание.
Лила сподели и видео од „Обично утро во Бодрум“, како што таа го нарече. Видеото можете да го погледнете со клик ТУКА.