Братот на Новак Ѓоковиќ се ожени со инфлуенсерката Сашка: Еден детал од венчавката е особено важен

ИЗВОРНов Лист
|

Ѓорѓе Ѓоковиќ и неговата избраничка Сашка Веселинов се венчаа во црквата Свети Марко во најтесниот круг на семејството и пријателите. Во црквата прво пристигна семејството Ѓоковиќ, а потоа и семејството Веселинов.

Новопечената невеста се појави во гламурозна бела венчаница, а нејзиниот изглед ги остави сите без здив. Горниот дел од венчаницата е изработен како корсет, а украсен е со детали од бисер и циркон во бела боја. Долниот дел од венчаницата е изработен од тул, а долгиот превез кој се влечеше по земја направи Сандра да изгледа како вистинска принцеза.

Она што сите го забележаа е ѓерданот што го носеше невестата. Имено, станува збор за бисери кои одлично се вклопуваат и дадоа посебен шарм. Воедно на целиот изглед му дадоа шмек на традиција и дух на модерност.Покрај бисерниот ѓердан, Сашка решила во косата да стави и шноли кои исто така се украсени со големи бели бисери.

Сашка ја спушти долгата руса коса и ја завитка во локни, а шминката и беше многу минимална, истакнувајќи ја нејзината природна убавина.

Сашка и Ѓорѓе открија дека неофицијално живеат заедно од првиот ден на врската, а после 20 дена заедно заминале на море. По враќањето, Ѓорѓе рече: „Би сакал една дестинација да ни биде дом, да се вратиме во истата куќа по патувањето“.