Лукас ужива во луксузен стан од 500.000 евра – Пејачот откри кој го уредил

ИЗВОРНов Лист
|

Пејачот Аца Лукас живее во белградската населба Вождовац во мал стан кој го уредила неговата поранешна сопруга.

Како што е познато, додека тој беше во брак со Соња, тие живееле заедно во овој стан, како и нивната ќерка Викторија, но по разводот се договориле тој да остане во овој луксуз во кој се уште ужива.

Како што се шпекулираше во медиумите, пентхаусот бил платен 500.000 евра, а судејќи по мебелот, ниту за негово опремување не биле поштедени трошоци.

Огромната дневна соба, во која Лукас го поминува поголемиот дел од своето време, се наоѓа во централниот дел на станот. Има бело пијано, како и клавијатури на кои Лукас многу често свири. Бидејќи Аца е љубител на игри, џојстиците се незаменливи. Масата во дневната соба изгледа како голем куфер и му дава посебен шмек на аголот на Лукас. Како што вели пејачот за „Супер ТВ“, домот го опремила неговата поранешна сопруга Соња, додека тој бил задолжен за плаќањата.

– Домот го намести Соња, јас само го платив и тоа без дискусија. Одела по разни салони, местела, додавала, мерела, се било по нејзина желба. Исполнив се што замисли, затоа станот вреди толку – изјави пејачот.