Ова е синот на Џони Деп за кој сите молчат – младиот Џек е копија на Џони

ИЗВОРНов Лист
|

Холивудскиот актер Џони Деп со месеци не ги напушта насловните страници на светските таблоиди поради судењето со поранешната сопруга Амбер Херд, обвинувања дека се забавува со поранешната адвокатка.

Пред да се ожени со Амбер, Џони беше во брак со француската пејачка и актерка Ванеса Паради, со која имаше две деца. Ќерката Лили Роуз е успешна манекенка и актерка, додека синот Џек (20) се држи настрана од јавниот живот.

Џек наводно живее со својата мајка во Франција, а актерот еднаш рекол дека е „многу талентиран човек“.

“Тој е одличен во цртање. Тој е за музика. Има слух за тоа. Освен училишните претстави и други работи, тој не покажа желба да биде актер”, рекол еднаш Џони.