Игор Џамбазов бара чаре за неговата ситуација – Веќе два месеци боледува од неизлечлива болест

ИЗВОРНов Лист
|

Игор Џамбазов, македонскиот актер и шоумен, постојано ја потенцира љубовта кон Илина, така и овојпат си ја отвори душата. Во негов стил сподели како се чувствува кога таа е далеку од него.

– Стигна дијагнозата,
ги известувам сите пријатели и следбеници дека конечно ги добив резултатите од лабораториските испитувања. Веќе два месеци боледувам од Илинопатија (lat. ilinopatius), во превод: Патење по Илина. Лекот за оваа болест сè уште не е измислен. Чаре? – напиша Џамбазов барајќи лек за празнината која ја чувствува кога Илина не е со него.