Данела Арсовска назначи нов заменик градоначалник на Град Скопје

|

За нов заменик – градоначалник на Град Скопје денеска е именуван Александар Трајановски.

Тој доаѓа на местото на Бујаре Абази, која вчера поднесе оставка од функцијата заменик-градоначалник.

Прес-службата на Град Скопје соопшти дека Александар Трајановски доаѓа од приватниот сектор и беше избран за член на Советот во Град Скопје на локалните избори кои се одржаа минатата година.

– Имајќи предвид дека во тек е неговиот втор мандат како советник во Град Скопје, Трајановски е еден од поискусните во овој советнички состав со долгогодишно искуство во работата на локалната самоуправа и градската администрација. Трајановски е прва генерација стипендист на програмата за „Напредно лидерство“ – АЛПИ организиран од Институтот ИРИ, Американската амбасада и Стејт департментот. Воедно е стипендист на Институтот за јавни политики „Мајка Тереза“ поддржан од ЕУ. Неговото искуство во голем дел ќе придонесе во остварувањето на програмата „За Модерно Скопје“ и остварувањето на интересите на сите граѓани на Скопје, информираат од Град Скопје.