Златна бубамара на 16 март: „Да наполниме батерии во скапа тарифа“, картите во продажба во четврток

|

Овогодишната 26. Златна бубамара на популарноста ќе се одржи на 16 март во арената „Борис Трајковски“. По минатогодишната 25. Златна бубамара, со која се одбележа сребрен јубилеј, овогодишната манифестација е прва од следните 25 – до следниот златен јубилеј.

Под мотото „Да наполниме батерии во скапа тарифа“, омилената манифестација ќе направи пресек на овогодишната креативна продукција, сатирично ќе ja раскаже изминатата година и ќе ги награди најголемите уметници од Македонија и регионот.

-Во ова време на енергетска, инфлaциска, морална и духовна криза, Златна бубамара повикува да се забавуваме во музички ефикасна тарифа и да се арчиме за убаво расположение. Од енергетски ефикасниот штаб на Бубамара сега за сега ни откриваат само наградата за животно дело која ќе ја добие братскиот тандем Миле и Ѓорѓи Барбаровски, кои напишаа некои од најубавите песни во антологијата на македонската народна музика, се вели во објавата.

БИЛЕТИТЕ ЌЕ БИДАТ ПУШТЕНИ ВО ОН ЛАЈН ПРОДАЖБА НА 23 ФЕВРУАРИ ВО 12 ЧАСОТ преку сервисот на karti.com.mk и mktickets.mk

Од Бубамара ни најавуваат незаборавна престава од 3 часа, за секој посетител на секое седиште традиционално ќе има шише Пролом вода и ветување дека сите ќе се вратат дома пред да бидат исклучени уличните светилки.