|
Македонски државјанин беше пронајден мртов во Сончев Брег, Бугарија, а осомничен за убиството е 14-годишник, објавија бугарските медиуми.
Македонецот И.Н. бил убиен од 14-годишниот М.Х со колец, а бугарски „Стандард њуз“ ја објави причината за убиството.
Бугарскиот медиум пишува дека двете лица се сретнале во Сончев Брег, по што македонскиот државјанин сакал да има сексуални односи со 14-годишникот, кој земал колец и го удрил неколку пати по главата.
Засега нема дополнителни детали од бугарската полиција, која не ги потврдува овие информации на бугарскиот медиум.